Утрински Весник
Македонија

На територијата на СВР Велес досега 123 прекршувања на полицискиот час

На територијата на СВР Велес досега 123 прекршувања на полицискиот час

Скопје, 11 април 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска ги посети полициските службеници од СВР Велес кои се ангажирани во спроведувањето на мерките на Владата поврзани со ограничувањето на движењето, но и полициските службеници кои ги обезбедуваат објектите што се наменети за лицата кои се сместени државен карантин.

Чулев при посетата потенцирал дека Министерството за внатрешни работи ја завршило постапката за набавка на соодветна заштитна опрема и средства која вклучително со опремата што е добиена од донација е ставена на целосно располагање на полициските службеници, при што апелирал до нив соодветно и редовно да ја употребуваат при извршување на секојдневните работни задачи и обврски, а со тоа да дадат и сопствен придонес и грижа за своето здравје.

-Здравјето и животот на полициските службеници е од исклучителна важност за мене како министер, но и за целото раководство на Министерството за внатрешни работи. Во таа насока во континутитет ги преземаме сите мерки со кои гарантираме највисоко ниво на заштита на сите вработени, потенцирал Чулев, соопшти МВР.

Оттаму најавуваат дека со цел обезбедување соодветна заштита во завршна фаза на изготвување е пишан протокол во кој соодветно е пропишано нивото на опрема и заштита кои ќе треба полициските службеници да ги имаат во зависност од типот и видот на работните задачи кои тие ги извршуваат.

На територијата на СВР Велес во изминатиот период, односно од воведување на полицискиот час, констатирано e дека вкупно 123 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, а од нив пет се лица на возраст до 18 години. Од страна на Секторот за внатрешни работи во Велес до Основното јавно обвинителство поднесени се вкупно 72 кривични пријави и две известувања за вкупно 85 лица, информира Министерството за внатрешни работи.

На подрачјето кое го опфаќа Секторот на внатрешни работи Велес издадени се 79 решенија за изолација и пополнети се 971 изјава за самоизолација. Полициските службеници констатирале 12 прекршувања на изјавите за самоизолација и поднесени се соодветни пријави до јавното обвинителство.

На територијата на СВР Велес има три објекти во кои се спроведуваат лицата кои се сместени во државен карантин  и во нив досега се сместени 131 лице, од кои на 84 веќе им завршила мерката карантин.лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор