Утрински Весник
Македонија

На „Табановце“ се чека повеќе од еден час за излез од државата

На „Табановце“ се чека повеќе од еден час за излез од државата

Поради зголемена фреквенција на возила, на Граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е повеќе од еден час.

На останатите гранични премини, од македонска страна, во моментот нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

Јаневска: Универзитетите со најдобри резултати ќе добијат најмногу средства од државниот буџет

Владата негира дека преговара за мигрантите