Утрински Весник
Македонија

На Табановце претпладне поминале над 3.000 патници

На Табановце претпладне поминале над 3.000 патници

Куманово, 26 јуни 2020 (МИА) – На граничниот премин Табановце до 10 часот поминале вкупно 3.217 патници, сооштија денеска од МВР. Од нив во земјава се влезени 1.984 лица од кои 1.308 домашни и 676 странски државјани. Од државата излегле 1.233 патници, од кои 912 домашни и 321 странски државјани.

Владата на 72-та седница донесе одлука од денеска целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

И на српска страна се пуштаат македонски патници без ПЦР тест и без карантин. ам/бак/

фото: МИА архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

22 романа ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“ за 2025 година

СДСМ: Дрогата од пет тони слободно поминала граница и слободно се превезувала низ пола Македонија

СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата