Утрински Весник
Македонија

На Табановце откриени фалсификувани ПЦР тестови и возила за меѓународен превоз без соодветна документација

На Табановце откриени фалсификувани ПЦР тестови и возила за меѓународен превоз без соодветна документација
Dik 300x250 mk

На граничниот премин Табановце, од страна на полициски службеници на 11 и 12 февруари откриени биле 5 фалсификувани ПЦР тестови и 3 возила кои вршеле превоз на патници без соодветна документација.

„На 12.02.2022, при пасошка контрола, било констатирано дека О.Б.(51) од Скопје, Т.Т.(28) од Скопје, Д.М.(28) од с.Тромеѓа, кумановско, Д.Г.(56) од Кочани и М.П.(61) од Скопје приложиле фалсификувани ПЦР тестови. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 11 и 12.02, при контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.П.(54) од Скопје, патничко возило ‘мицубиши’, управувано од З.Б.(26) од Струмица и возило комби, управувано од Ж.Г.(46) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата“, информираат од МВР.

Можете да прочитате

ДКСК со повеќе изборни пријави – дел проследени до ЈО, дел затворени без прекршувања

МВР приведе лажен поп – мамел луѓе во тага на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково

Мисајловски: Македонија во црвено – историска победа и голема одговорност за ВМРО-ДПМНЕ