Утрински Весник
Спорт

На стадионите во Германија најмалку до октомври без публика

На стадионите во Германија најмалку до октомври без публика

Германската фудбалска лига (DFL) планираше делумно враќање на навивачите на стадионите кога ќе започне новата сезона на средината на септември. Поради тоа во јули беше изработен и здравствен протокол.

Министерството за здравство на Германија денеска ја продолжи забраната за навивачи на фудбалските мечеви најмалку до октомври поради пандемијата на коронавирусот.

Рестартот на сезоната во Германија беше на средината на месец мај по прекин од повеќе од два месеци и тоа беше првата европска лига која го продолжи првенството според строги протоколи.

На почетокот на месецов 36 германски професионални клубови во првата и втора лига прифатија да играат по тој модел, за да се вратат навивачите на трибините. Сепак, до тоа нема да дојде, барем не до крајот на октомври.

> На стадионите во Германија најмалку до октомври без публика <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука