Српската православна црква објави соопштение во кое истакнува дека австралиските власти го одбиле барањето православниот свештеник од Мелбурн, Милорад Лончар, да го посети Новак Ѓоковиќ во хотелот за мигранти денеска кога православните христијани го прославуваат Божик.
„Би сакале да ја информираме јавноста дека денеска, на денот кога српските православни верници го празнуваат благословениот празник Рождество Христово, со благослов на Неговото Високо првосвештенство епископ Силуан, поглавар на соборниот храм Света Троица во Мелбурн, протојерејот Милорад Лончар, по побарана дозвола за посета на Новак Ѓоковиќ, е одбен со образложение дека никој не смее да влезе во објектот кој е притвор за мигранти, поради важечките ковид-рестрикции. Известени сме дека за никој од притворените не се дозволени верски посети од јули 2021 година“, се наведува во соопштението на Црквата во кое се додава дека нема посебен простор, нема оддел, а за жал не е направен напор да се обезбеди место во рамките на Миграцискиот прифатен центар каде што би можеле да се вршат посети од ваков вид.
Откако на светскиот рекет број еден му беше одбиена визата и му беше забранет влез во Австралија за да се натпреварува на првиот Гренд слем сезонава, неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ вчера одржа прес-конференција.
За денеска се најавени нови протести во Белград, а навивачите на Ѓоковиќ се собираат пред хотелот во Мелбурн каде е затворен српскиот тенисер.
> На свештеник од СПЦ не му било дозволено да го посети Ѓоковиќ за Божик <