Утрински Весник
Политички Партии

На Рашковски ќе му се суди за набавките на софтерот и за перење пари

На Рашковски ќе му се суди за набавките на софтерот и за перење пари

Кривичниот суд во целост го одобри обвинението поднесено против Драги Рашковски и уште шест лица, поврзано со нелегална набавка на софтвер и перење пари.

„Обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Д.Р. обвинет за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за Злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ, кој по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот на 18.10.2021 година беше испратен на надлежно одлчување во Апелациониот суд – Скопје, по враќање на предметот кај Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост“, информираат од Кривичниот суд.

По вака одобреното обвинение, како што информираат од судот, оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 164/21 за кој откако, согласно АКМИС – системот, ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија и ќе биде насрочена главна расправа.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт