Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

На протест се бараше нова пресуда за сообраќајката кај „Сити мол“

На протест се бараше нова пресуда за сообраќајката кај „Сити мол“
300x250 opst2

Семејството на покојната Викторија Николова излезе на протест пред Кривичниот суд, заедно со роднини, пријатели и лица кои не се согласуваат со казната од три години за возачот кој ја прегази на пешачкиот премин кај „Сити мол“. Со пароли „Правда за Викторија“, „Стоп за сообраќајното насилство“, Убијци=судии“. Сестрата на починатата Викторија, смета дека пресудата е нереална.

„Бараме нова пресуда со реални очекувања. Нема да запреме овде. Доста беше тортурата и лудилото. За вашето непрофесионално работење ќе слушне целиот свет“, рече сестрата на Викторија, Викторија Николова.

Според адвокатот на семејството, пресудата од три години е неправда за сите и непочитување на институцијата Обвинителство и владеењето на правдата.

„Најголемата закана за правдата е неправда, ние кај нас во државата го имаме во изобилие тоа. Тоа го добивме и пред четири дена. Во предметот каде се расправаше за смртта на Викторија успеавме да видиме дека не се важни законите, ниту некој бара правда, ниту имаме владение на правото. Затоа за жал на улица бараме да се слушне гласот на анродот. Пред 80 дена беше Викторија, утре може да биде секој од нас. За дело каде казната е од 4 до 20 години, ние имаме казна под законскиот минимум. Сметаме дека тоа е апсолутна неправда, дека Апелација треба да го слушне гласот на народот и доказите во постапката“, кажа адвокатот на семејството.

Можете да прочитате

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ