Утрински Весник
Македонија

На Попова Шапка сместени нови 105 лица во државен карантин

На Попова Шапка сместени нови 105 лица во државен карантин

Тетово, 29 април 2020 (МИА) – Од ноќеска во хотелите на Попова Шапка по трет пат се донесени луѓе кои пристигнале во Македонија од повеќе земји за да поминат задолжителтен 14 дневен државен карантин во насока на спречување на ширење на коронавирусот. Во хотелот Славија има 68 лица, додека во хотелот Арена 37.  

-Ова е трета група на луѓе кои влегле во државата и тука ќе поминат 14 дена во задолжителна изолација. Им беше извршен медицински преглед од Клинички центар Тетово. Сите имаат добиено храна, вода и хигиенски продукти според пропишаните процедури и протоколи. Станува збор за луѓе дојдени од повеќе земји, најмногу од Швајцарија, ама има и од Австралија, Израел, Бразил, изјави Жарко Неделковски од хотелот Арена.

Тетовската полиција соопшти дека едно лице ноќеска не ја почитувало забраната за движење, по што му се земени податоци. Ќе следува соодветен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик.  СВР Тетово, во изминатото деноноќие бележи дека на 18 лица им се издадени решенија за изолација, а 4 луѓе потпишале изјави за самоизолација.ас/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски? 

Маж од Виница од лажен профил испраќал експлицитни фотографии од малолетничка