Снег вее во зимскиот центар „Пониква“ над Кочани.
Утрово невремето зпочнаа со дожд кој околу пладне, кога температурата се симна на -1 Целзиусов степен, премина во снег.
Веќе се формира снежна покривка, а локалните жители велат дека е можно продолжување на скијачката сезона која прекина пред десетина дена кога се зголемија температурите.
Вчера на Пониква температурата беше 25 степени, а посетителите се шетаа по кратки ракави. Денес лесната облека ја заменија со зимски јакни. Ваквата временска состојба предвреме ги испразни хотелите, гостите побрзаа да се симнат од планината додека е прооден патот.
Зимскот центар „Пониква“ е на 1.600 метри надморска височина.