Утрински Весник
Свет

На Полјачки им се заканува затвор поради транспаренти со Богородица во боите на виножитото

На Полјачки им се заканува затвор поради транспаренти со Богородица во боите на виножитото

На три Полјачки им се суди за навреда на верските чувства поради поставување на транспаренти на кои е претставена најсветата полска икона на Богородица со ореол во боите на виножитото, пишува „Политико“.

Доколку се докаже дека се виновни, им се заканува затворска казна од две години.

Судскиот процес, кој започна во средата, привлекува меѓународно внимание поради примената на контроверзниот полски закон за заштита на верските чувства и поради повторното покренување на прашањата за правата на ЛГБТ заедницата во Полска.

Во април 2019 година, три жени, Елзбиета Подлешна, Ана Прус и Јоана Гзира-Искандар Подлешна, кренаа транспаренти во знак на протест против традиционалната велигденска поставка, поставена од црква во Плок, на околу 110 километри северозападно од Варшава.

Во нивниот приказ се наведени гревови против кои верниците треба да се борат – почнувајќи од традиционални како „алчност“, „омраза“ или „завист“ до „ЛГБТ“ и „полот“.

„Непосредна причина за нашето дејствување беше хомофобичлниот и болен приказ поставен во црквата“, рече Подлешна пред судот, додавајќи дека е верничка и дека не гледа ништо лошо во протестот во кој Богородица ја користела како универзален симбол на љубовта меѓу мајката и детето.

„Она што го видов е омраза, презир, агресија“, рече Прус.

Таа додеде дека трите користени транспаренти, кои веќе биле отпечатени за претходни протести, служат како знак на протест за, како што рече, лицемерието на црквата која не се справува со скандалите со педофилија, но ги напаѓа ЛГБТ луѓето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење