Утрински Весник
Македонија

На подрачје на СВР Велес не се регистрирани непочитувања на полицискиот час

На подрачје на СВР Велес не се регистрирани непочитувања на полицискиот час

Велес, 12 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес, односно во Велес, Кавадарци и Неготино  нема регистрирано лица кои не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час. 

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, во овој период нeма нови регистрирани лица со решенија за изолација и со изјава за самоизолација.

Вкупно со Решение во изолација има 157 лице, од кои најмногу  152  се во Велес, пет во Неготино, а со изјава за самоизолација има вкупно 43 лица, од кои 27 во Велес,  девет во Кавадарци и седум во Неготино.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, информира Додевски.ад/скс/

 

 


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија