Утрински Весник
Македонија

На подрачјето на СВР Велес 99 лица казнети за неносење заштитна маска, 46 се во Неготино    

На подрачјето на СВР Велес 99 лица казнети за неносење заштитна маска, 46 се во Неготино    

Велес, 12 јуни 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење лична заштита на подрачјето на СВР Велес казнети се вкупно 99 лица, и тоа, 33 во Велес, 20 во Кавадарци и 46 се  во Неготино.

Како што информира портпарлот на СВР Велес, Верољуб Додевски, во овој период  нема новорегистрирани лица со rешениe за изолација, а со изјава за самоизолација има седум нови лица, пет во Велес и две во Кавадарци.

Вкупно со решение во изолација има 116 лица, од кои 66 во Велес, пет во Кавадарци и 45 во Неготино, додека со изјава за самоизолација има вкупно 73 лица, од нив 42 се во Велес, 21 во Кавадарци и 10 во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, информира Додевски. ад/цр

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче ги повика пребеганите членови во ЗНАМ да се вратат во СДСМ

Кираџиeва за некогашниот партиски другар Апасиев: Левичар од Тему се пали на Путин

СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани