Утрински Весник
Македонија

На подрачјето на СВР Велес сите граѓани ги почитувале мерките на изолација и самоизолација

На подрачјето на СВР Велес сите граѓани ги почитувале мерките на изолација и самоизолација
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Велес, 27 април 2020 (МИА) – На подрачјето на СВР Велес со решение за изолација има 124 лица од кои 96 во Велес, 12 во Кавадарци и во 16 во Неготино. Во овој период нови лица со решенија за самоизолација нема, а со изјава за самоизолација се вкупно 88 лица од кои 62 во Велес,13 во Кавадарци и 13 во Неготино.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, сите денови од викендот при контроли на полицијата сите лица ги почитувале мерките на изолација и самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие, на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес забраната за движење не ја почитувале осум лица, и тоа четири во Велес, едно во Кавадарци и три во Неготино.

Инаку, вчера шест лица не ја почитувале забраната за движење од кои четири во Велес и двајца во Неготино.

На подрачјето на СВР Велес жителите на Велес, Кавадарци и Неготино најпримерни биле во петок спрема сабота кога сите го почитувале полицискиот час. ад/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Забрчанец: Кризи на максимум, промени на минимум, што навистина ќе се менува во 2026?

Мицкоски најави 150 нови возила за Итната медицинска помош низ Македонија

Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени