Утрински Весник
Магазин

На повидок серија за варваринот Конан на „Нетфликс“

На повидок серија за варваринот Конан на „Нетфликс“

Иконскиот лик што помогна да се роди sвезда во Арнолд Шварценегер најверојатно ќе се врати на малите екрани во нова серија.

Стриминг-платформата „Нетфликс“, наводно, развива нова серија базирана на ликови од „Конан варваринот“, пренесуваат медиумите.

Конан првпат се појави во стриповите во 30-тите години на минатиот век и беше создаден од Роберт Е. Хауард. Ликот го глумеше Шварценегер на големите екрани во 80-тите.

Во своите најславни времиња, Conan The Barbarian (1982) дури ги победи култните класици како што се Blade Runner и Road Warrior. Во истоимениот филм од 2011 година, Конан го глумеше ѕвездата на „Аквамен“, Џејсон Момоа, но наиде на млак успех.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пиењето неколку шолји кафе или чај со кофеин може да помогне за менталните способности и спречувањето деменција

На натпревар за убавина на камили им инјектирале ботокс и хијалурон

Британскиот музеј купи неодамна пронајден приврзок на Хенри Осми за четири милиони евра