Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

На повидок нов документарец за Бритни Спирс

На повидок нов документарец за Бритни Спирс
Img 7972

Животот на Бритни Спирс со години е предмет на јавни дискусии, а сега ќе биде тема на нов документарен филм во кој новинарот Мобен Азар се обидува да ја открие вистината зад законскиот договор, кој Бритни ја става под трајно старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс.

Поради овој договор, Бритни нема никаква контрола над сопствените финансии, сопствениот живот и одлуки во кариерата.

Мобен Азар изјави за новиот документарец: „Отидов во Лос Анџелес во потрага по вистината за тоа како Бритни Спирс, една од најголемите поп-sвезди на планетата, заврши во конзервација,“ (термин кој се користи во САД за ваков вид трајно старателство со целосна контрола над нејзиниот живот).

Таткото на Бритни беше назначен за траен старател „конзерватор“ во 2008 година, откако таа беше хоспитализирана на психијатриско лекување.

„Се најдов во свет на адвокати, суперфанови и папараци и поминав време со многу луѓе кои седеле во првиот ред во животот на Бритни. Овој филм ја користи енергијата на движењето #FreeBritney и ја преиспитува забавната индустрија, односот на медиумите кон познатите личности, и законите што олеснуваат вакви старателства.

Филмот ќе се емитува на „Би-би-си два“ оваа пролет.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Започнува најголемиот натпревар за средношколци во Македонија „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“

Апел за помош на младиот студент по медицина Спасение Анчески од Скопје кој соочува со леукемија

Судбоносни промени денес: Дневен хороскоп (01.10.2025)