Утрински Весник
Магазин

На повидок нова романса: Рене Зелвегер во врска со британски презентер

На повидок нова романса: Рене Зелвегер во врска со британски презентер

Многумина беа изненадени кога некои американски медиуми објавија дека холивудската ѕвезда Рене Зелвегер (52) и британскиот ТВ-презентер Eнт Eнстед се во врска.

Но, се чини дека двајцата имаат многу повеќе заеднички нешта отолку што некој би помислил. Според напис во „Пипл“ од средата, актерката и презентерот се дружат и немаат намера да ги демантираат ниту да ги потврдат шпекулациите за романса.

Со оглед на тоа што Eнт неодамна го финализираше разводот со поранешната сопруга, sвездата на Flip or Flop Кристина Хак, со која дели старателство над нивниот 21-месечен син, сега е интересно време за нова романса. „Не можете да ја запрете судбината,“ наведува магазинот „Пипл“.

Неделникот го цитира својот извор: „Понекогаш двајца едноставно ќе се сретнат и ќе кликнат, и тајмингот е добар.“

„Рене е креативна … и често оди кај момци кои размислуваат надвор од рамката. Таа е паметна, промислена и секогаш настојува да ги прошири хоризонтите и да ги негува тие околу себе.“

Инсајдерот открива дека двајцата преферираат приватност и сакаат да бидат далеку од очите на јавност. „Тој е креативно момче со многу интереси, таа сака да пишува и да продуцира, така што тие имаат работи за кои можат да разговараат кога се заедно.“

„ТМЗ“ минатата недела објави дека на повидок е нова холивудска романса.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста