Утрински Весник
Македонија

На повеќе места во државата нестабилно време со пороен дожд и грмежи

На повеќе места во државата нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Попладнево на повеќе места, особено во планинските подрачја беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите беа поинтензивни, а поизразена нестабилност во форма на невреме имаше и во подрачјето на Штип, Кочани, Св.Николе и Радовиш, Преспанскиот регион, Куманово и западните делови од Скопската Котлина.

Постестепено стабилизирање на времето ќе има во вечерните и ноќните часови.

Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ=8

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена.

В понеделник попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово