Утрински Весник
Македонија

На платформата Едуино достапни едукативни материјали за деца од 3 до 6 години

На платформата Едуино достапни едукативни материјали за деца од 3 до 6 години

Скопје, 14 април 2020 (МИА) –  Министерството за труд и социјална политика соопшти дека е во функција делот за предучилишно образование на националната платформа за е-учење ЕДУИНО, која е подготвена во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ и со останатите партнери.

-ЕДУИНО е едукативна платформа наменета за сите воспитувачи и родители на која може да се најдат, користат и преземат материјали, игри и активности за деца на возраст од 3 до 6 години. Платформата обезбедува содветни содржини за учење базирано на игра во воспитно-образовните институции – градинки/центри за ран детски развој, како и во домот со родителите за да се осигури квалитетна едукација и забава за најмладите. Оваа платформа нуди видеа со разработени воспитно-образовни содржини за децата на предучилишна возраст од 3 до 6 години. Видеата се во траење од 15-ина минути и се придружени со презентација и нарација/објаснување од воспитувач. Досега се поставени над 150 видеа на македонски и на албански јазик соопшти МТСП.

Во иднина, сите воспитувачи и родители на оваа платформа ќе може да најдат и преземат материјали, игри и активности подготвени за користење за деца од 3 до 6-годишна возраст.

Дигиталната платформа со видео материјали и активности за учење преку игра е достапна на  www.eduino.gov.mk. хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите