Утрински Весник
Спорт

На Олимпијадата во Токио можно ограничување на движењето на спортистите и намалување на бројот на гледачи

Коронавирусот може да ги одложи Игрите во Токио

Токио, 4 јуни 2020 (МИА) – Гувернерот на Токио, Јурико Коике, рече дека јапонската влада и организациониот одбор на Олимпијадата размислуваат за поедноставена верзија на Игрите во 2021 година, поради ситуацијата со коронавирусот.

– Одржувањето на Олимписките и Параолимписките игри бара разбирање од народот во Токио и граѓаните на Јапонија. За да го направиме ова, треба да го рационализираме она што треба да се рационализира и да го поедноставиме тоа што треба да се поедностави, рече Коике.

Гувернерот коментираше по написот во јапонското издание на Јомиури за можните мерки на претпазливост на Игрите во Токио.

Организаторите на турнирот разгледуваат различни опции: задолжително тестирање за коронавирус за гледачи, намалување на бројот на навивачи, ограничување на движењето на спортистите надвор од олимпиското село.

Олимписките игри во Токио беа одложени за една година поради пандемијата на коронавирус. Турнирот треба да се одржи од 23 јули до 8 август 2021 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари