Утрински Весник
Свет

На маж од Литванија од стомак му извадиле повеќе од килограм шрафови, клинци и навртки

На маж од Литванија од стомак му извадиле повеќе од килограм шрафови, клинци и навртки

Хирурзите отстраниле повеќе од килограм клинци, завртки, навртки и ножеви од стомакот на литвански државјанин, објавија литванските медиуми.

Тој голтал метални делови околу еден месец откако престанал да пие алкохол, рекле лекарите, пренесе Би -Би -Си.

Некои од деловите извадени на Универзитетската болница Клаипеда биле долги 10 сантиметри, според литванскиот јавен сервис ЛРТ.

Хирургот Сарунас Даилиденас го нарече овој случај единствен.

За време на извештајот, ЛРТ објави фотографија од болницата, на која се гледа цела серија метални предмети отстранети од стомакот на човекот, по тричасовна операција.

Човекот бил донесен во брза помош откако се пожалил на силни болки во стомакот во болница на балтичкиот брег.

Неговата состојба во моментов е стабилна.

Можете да прочитате

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Крајно неизвесни избори во Хондурас: Кандидатот на Трамп премина во водство, опонентот тврди дека е направена измама

Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога