Утрински Весник
Спорт

На кого може Македонија да налета во баражот?

На кого може Македонија да налета во баражот?

Македонија ќе игра во баражот за пласман на Светското првенство. Националниот тим со победата над Исланд (3:1), го освои второто место во Ј-групата, од која директно во Катар замина Германија.

Во баражот, од европските квалификации, 12 репрезентации ќе се борат за три места во Катар.

Македонија, Португалија, Шкотска, Русија, Шведска, Полска, Велс, преку Лигата на нации во баражот влегиваат Чешка и Австрија.

Десеттиот учесник ќе биде познат вечерва, тоа ќе биде Италија или Швајцарија, а последните два утре, тоа ќе бидат Финска или Украина, односно Холандија, Норвешка или Турција од Г-групата.

Ждрепката ќе се одржи на 26.ноември.

12 репрезентации ќе бидат поделени во три групи, се игра полу-финале и финале.

Бараж натпреварите ќе се играат на 24/25.март 2022 (полу-финале) и 28/29.март 2022 (финале).

Пласманот на Мундијалот ФИФА го наградува со 12 милиони евра.

Фото/ffm.mk

> На кого може Македонија да налета во баражот? <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина