Утрински Весник
Магазин

На Кевин Харт му понудиле да патува во вселената, но тој одбил

На Кевин Харт му понудиле да патува во вселената, но тој одбил

Кевин Харт добил шанса да оди во вселената, но не ја прифатил затоа што сметал дека е премногу ризично.

42-годишниот актер и стенд-ап комичар откри дека неодамна му понудиле место во шатл до вселената бидејќи сакале да го документираат искуството на селебрити-личност со напуштање на планетата.

“Имам нешто да ви кажам, и ова не е шега. Никогаш нема да погодите што ми беше понудено. Ми понудија седиште во шатл за пат до вселената, а понудата дојде бидејќи сакаа да го документираат искуството на славна личност,“ откри Кевин во неговата емисија Straight From The Hart.

Но, ѕвездата одлучи да не оди и ја одби понудата откако сфати дека бројот на успешни патувања во вселената во споредба со неуспешните е „премногу близу“ за негов вкус.

Кевин би размислил за таква авантура кога ќе биде постар, но не сака да ризикува да ги остави своите деца зад себе.

Тој ги има Хевен (16) и Хендрикс (13) со неговата поранешна сопруга Тори Харт, тригодишниот Кензо и деветмесечната Каори со сегашната сопруга Енико Харт.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста