Утрински Весник
Македонија

На истокот 28 лица не ја почитувале забраната за движење

На истокот 28 лица не ја почитувале забраната за движење
Dik 300x250 mk

Штип, 27 април 2020 (МИА) – Според статистиката на СВР-Штип, 28 лица не ја почитувале забраната за ограничено движење во периодот од 24 до 27 април. Од нив, приведени се 27 лицаод кои осум се малолетни, а на едно лице земени му се податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека за изминатиот период, на 11 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 169 контроли кај лица во изолација и 456 кај лица во самоизолација. вдј/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената