Утрински Весник
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 527 пациенти

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 692 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 527 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 63 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 49, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 54 пациенти, во Кочани 22 во Кичево 15, Кавадарци 26, а во Гевгелија 8 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 926 и има околу 800 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, велат од министерството за здравство.

Од таму информираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во известувањето од оваа институција.

Можете да прочитате

ЦУК: Активни четири пожари, изгаснати осум

Кондарко: Потребен ни е нов Изборен законик, независните кандидати ќе можат да учествуваат на избори без собирање на потписи

Ќе се препополови бројот на патувања, нема веќе работа на црно во ЕУ – ќе се бројат и кафињата во Солун