Утрински Весник
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 961 лице заразени со коронавирус

Во Бразил се повеќе луѓе на возраст под 40 години на интензивна нега поради Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 961 лице позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 151 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 90 болни, а во Куманово 94 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 116 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 18 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 90 пациенти, во Кочани 27 во Кичево 25, Кавадарци 55, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Oд ресорното министерство напоменуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1663 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите, известува министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Потенцираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од МЗ.

Можете да прочитате

Прекината потрагата по 16-годишното дете во Вардар

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Сиљановска-Давкова за преименувањето улици во Тетово: Ќе се реши така како што треба – граѓански, инклузивно, со консензус