Утрински Весник
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1036 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1036 пациенти, слободни кревети има
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1036 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во mинистерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 122 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 89 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 49 пациенти, во Велес се лекуваат 102 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 109 пациенти, во Прилеп 144, во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 20 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 33 во Кичево 31, Кавадарци 78, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, велат од министерството за здравство.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1739 и има околу 220 празни болнички кревети во ковид центрите.

Според министерството во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Од таму додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Можете да прочитате

Викендов следува значителен пораст на температурите и силен јужен ветер

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија