Утрински Весник
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.581 пациент, во Скопје примени нови 77 пациенти

Во ковид-центрите се лекуваат 702 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 927 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 89 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 76 болни, а во Куманово 156 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 103 пациенти, во Прилеп 126 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 85 пациенти, во Кочани 37 во Кичево 23, Кавадарци 65, а во Гевгелија 19 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1581 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 77 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 654 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 75 оздравени пациенти.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа