Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 587 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Од министерството за здравство информираат дека, во болницата во Битола се хоспитализирани 56 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 42 болни, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 93, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 18 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 6, Кавадарци 68, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1015 и има околу 350 празни болнички кревети во ковид центрите, известуваат од министерството за здравство.
Од таму додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.