Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 464 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
По извештаите на Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 78, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 18 лица.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 32 пациент, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 52, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 787 и има околу 350 празни болнички кревети во ковид центрите,информираат од министерството за здравство.
Додаваат, дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.