Утрински Весник
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекува 331 пациент, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекува 331 пациент, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 331 пациент позитивен и суспектен на коронавирус. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 43 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 19 во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 24, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 594 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, соопшти Министерството за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален