Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 519 пациенти, слободни кревети има

Во Македонија 1.160 нови случаи на  коронавирус, 30 лица починаа
300x250 opst2

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 519 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациент, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 80 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 69 во ковид центарот во Гостивар 27, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациент, во Кочани 18 во Кичево 10, Кавадарци 27, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 889 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, соопшти Министерството за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски најавува БРТ и големи инфраструктурни промени во Скопје

Калајџиев: Опасно е што обвинението за пожарот во Кочани е нарачка од политиката, а не грешка

Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс