Утрински Весник
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.197 пациенти

Во Македонија 1.160 нови случаи на  коронавирус, 30 лица починаа

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 700 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола е хоспитализиран 56 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 88 во ковид центарот во Гостивар 54, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 79 пациенти, во Кочани 21 во Кичево 20, Кавадарци 50, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1197 и има околу 280 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Професионалните војници работат на определено, па не можат да се пензионираат

ЦУК: Дваесет пожари на отворено, десет активни, пет под контрола и пет изгаснати

ДЗС: Почнува селекцијата и обуката на новите пожарникари