Утрински Весник
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 694 пациенти, слободни кревети има

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 694 пациенти, слободни кревети има

Во ковид центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 563 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 131 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во ковид центрите е 694.

Во болниците во внатрешноста има околу 80 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, информираат од Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти на позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациент, во Велес се лекуваат 71 болен, а во Куманово 70 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 96 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежат 22 пацинети, во Кочани 22, во Кичево 20, Кавадарци 42, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

РАНА МЕТЕО НАЈАВА: Од 29 Ноември студен циклон ни носи обилни врнежи од дожд, снег и значителна снежна покривка!

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ