Утрински Весник
Македонија

На Инфективната клиника почина пациент заболен од коронавирус

МЗ: Сите денеска тестирани негативни на коронавирус

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус.

Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без зголемена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет, стои во соопштението.

Ова е втора жртва на коронавирусот во земјава, по 57-годишната жена од Куманово, која почина вчера. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи низ Македонија