Утрински Весник
Македонија

На интернет организирана академска конференција на Универзитетот во Тетово и Академијата за спорт на Црна Гора

На интернет организирана академска конференција на Универзитетот во Тетово и Академијата за спорт на Црна Гора

Тетово, 8 април 2020 (МИА) – Универзитетот во Тетово беше коорганизатор преку интернет на 17. годишна конференција заедно со црногорската Академија за спорт на тема „Спорт, физичка активност и здравје: современи перспективи“, што инаку требаше да се одржи во градот Цавтат во Хрватска од 2 до 5 април годинава. Поради пандемијата со вирусот Ковид-19 учесниците на конференцијата, презентацијата на научните трудови и дебата за нив ја имаа преку заедничка видео врска.

Ректорот на Универзитетот во Тетово Вулнет Амети го претстави научниот труд на тема „Влијанието на специфичните моторни вештини врз антропометриските карактеристики кај 13-годишни ученици.

– Покрај ректорот, нашиот универзитет го претставуваа и други професори, кои ги објавија своите теми. Проф. д-р Фадил Мамути, ја претстави темата „Влијанието на глобализацијата врз образованието и дилемите меѓу традиционалното и современото образование“, д-р Фадил Реџепи, со студијата „Кинематика помеѓу две варијанти на техниката Учи Мата во џудо од елитен спортист“, д-р Шпреса Мемиши на тема „Пресметка на висината кај адолесцентите во околината на Пеја на Косово, користејќи го мерењето на рацете, и во двата пола“, д-р Астрит Исени со тема „Влијанието на програмите за обука врз развојот на експлозивна сила врз одредени специфични моторни вештини на 14-годишни ученици, соопштуваат од Универзитетот во Тетово.

Тетовската високообразовна установа ќе продолжи да ги користи овие методи за научна работа со цел да нема застој во образовно-научниот процес. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од полноќ намалување на цените на горивата

Од полноќ намалување на цените на горивата

Ковачевски: Од минималната плата од 8 илјади во 2017, сега стигнавме до 24 илјади денари