Утрински Весник
Свет

На „Инстаграм“ се фалел со скапи автомобили и бродови, сега се соочува со 20 години затвор

На „Инстаграм“ се фалел со скапи автомобили и бродови, сега се соочува со 20 години затвор

За неговите 2,5 милиона следбеници на социјалните мрежи, Рамон Олорунва Абас (37), инаку познат како Хашпупи, водел екстравагантен живот во Дубаи. Глумел агент за недвижности, се фалел со скапи автомобили, облека од луксузни брендови, како „Гучи“, „Версаче“ и „Фенди“, како и со приватни бродови и авиони.

Животниот стил како од соништата паднал во вода кога американската сојузна полиција открила дека заработувал пари преку хакерски шеми, при што украл милиони долари од големи компании во Америка и Европа, како што се адвокатски фирми, банки и од Премиер лигата. Абас бил сослушан во Чикаго по екстрадирањето во САД, а доколку биде осуден, ќе се соочи со казна затвор до 20 години.

Во наредните недели тој ќе биде префрлен во Лос Анџелес, каде што ќе се соочи со обвиненија за перење стотици милиони долари. Тој водел глобална мрежа на сајбер-криминалци, кои влегувале во разни системи и переле пари за да украдат стотици милиони долари од компании.

Нигерискиот државјанин живеел во луксузниот хотел „Палацо Версаче“ во Дубаи. Работел со повеќе лица, а заедно со него биле уапсени и други 11. Истражителите заплениле речиси 41 милион долари, 13 луксузни автомобили во вредност од 6,8 милиони долари и телефонски и компјутерски докази, се вели во соопштението на полицијата во Дубаи. Тие на телефони, компјутери и харддискови им ги откриле адресите на е-поштата на речиси два милиона потенцијални жртви.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk