Утрински Весник
Македонија

На здравствените работници заболени од Ковид-19, нема да им се кратат пари за боледување

Филипче: Го избравме идеалниот модел за справување со Ковид-19

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – На заболените здравствени работници од Ковид-19 нема да им се крати од платата за боледувањата. Министерот за здраство Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека во однос на боледувањето на здравствените работници, решението е најдено и тоа веќе ќе се имплементира преку измена во Правилникот на Министерството за труд и социјална политика.

Платата ќе биде целосно покриена, рече Филипче, најпрво од работодавецот првиот месец, а потоа и од Фондот кај сите кои се заболени од оваа болест третирајќи го како професионално заболување.

Во однос на партиципацијата за лекувањето, единствено можно решение беше измена во Програмата за партиципација во рамки на Министерството за здравство и тоа ќе биде направено во текот на следната недела, најави министерот за здравство.

Филипче одговораше на новинарско прашање во врска со јавните барања на одредени лекари, за инфирицираните медицински лица кои добиле кооронавирус на работа тоа да се третира како професионално заболување и да не им бидат одбивани пари од платите. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРЕДИ: ДУИ со зборови албански, со дела против албанскиот јазик

ВМРО-ДПМНЕ: Судиите и обвинителите се сè уште тие што СДС ги избра, доколку има нешто против законски за Христовски први ќе го повикаат за разговор

СДСМ го повика Обвинителството да отвори нова истрага за случајот со сертификатот на Христовски