Манчестер, 23 јуни 2020 (МИА) – За време на синоќешниот натпревар од 30. коло од шампионатот на Англија, Манчестер сити – Барнли, над стадионот „Етихад“ кружеше авион на кој беше прикачен транспарент: „Белите животи се важни“.
Ова се случи откако фудбалерите на тимовите клекнаа во прилог на слоганот „Црните животи се важни“.
Овој слоган стана еден од симболите на протести против полициската бруталност против црнците. Протестите започнаа во САД по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина откако полицаец го задуши со колено.
Натпреварот заврши со победа на Манчестер сити со 5:0. зс/