Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

На Деве Баир приведени тројца турски камионџии фатени со фалсификувани зелени картони

На Деве Баир приведени тројца турски камионџии фатени со фалсификувани зелени картони
Img 7972

Полицијата приведе тројца турски државјани, возачи на камиони, кои се обиделе да влезат во земјата на Граничен премин „Деве Баир“ со фалсификувани зелени картони.

Според информациите на МВР, вчера утрото полициски службеници го привеле Ф.С.(31) од Турција, кој управувал камион „рено“ со турски национални ознаки и полуприколка „тирсан“ со турски национални ознаки, поради сомнение дека турската зелена карта е фалсификувана.

По неколку часа, бил приведен уште еден турски државјанин Е.Д.(34), кој, исто така, управувал камион „рено“ со турски национални ознаки и полуприколка „тирсан“ со турски национални ознаки, поради сомнение дека турската зелена карта е фалсификувана.

Подоцна бил приведен и У.Д.(49) од Турција, со ист камион и полуприколка „тирсан“ и исто така поради сомнение дека турската зелена карта е фалсификувана.

Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка, за понатамошна постапка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски сака партиско судство, се заканува ама никој не му се плаши

Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

Полиција откри поголема количина дрога во скопско Ѓорче