Утрински Весник
Македонија

На Дебарско Езеро во сила забрана за риболов на клен и скобал, а следува и на крап и мрена

На Дебарско Езеро во сила забрана за риболов на клен и скобал, а следува и на крап и мрена

Дебар, 4 мај 2020 (МИА) – Заради овозможување непречен природен мрест на рибите и зачувување на рибниот фонд, на Дебарско Езеро во тек е забрана за риболов на клен и скобал (скобуст).

-Во согласност со одлуката на Федерацијата на рибари на Република Северна Македонија  во нашето езерото во тек е забрана за риболов и тоа на скобал што ќе трае до 15-ти овој месец, како и на клен која е воведена на 1-ви и ќе трае до 31 мај, изјави за МИА Дритан Боцку, претседател на Спортското риболовно друштво „Трофта“, кое е концесионер на езерото.

Додава дека од средината на овој месец,односно од 15 мај па се до 30 јуни ќе има забрана за лов на крап и на црна мрена.

-Забраната за вршење на рекреативен риболов во риболовните води е востановена секоја година во овој период, заради непречен природен мрест на овој вид риба. Нашата рибочуврска служба постојано е во обиколка на езерото. Наша цел како концеионер е да го заштитите рибниот фонд на Дебарско Езеро,кое порано беше познато по богатиот и разновиден рибен фонф, кој што за жал во изминатите години беше опустошен,посочува Боцку.

Додава дека овој период дозволен е риболов на плашица и на пастрмка.

Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство во ноември лани концесијата му ја додели на СРД „Трофта“ (пастрмка) и тоа како што бараше и друштвото, а беше подржано и од Советот на општината,само за рекреативен риболов. Тоа значи дека во период од пет години забранет е стопански риболов на езерото. вт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи низ Македонија