Утрински Весник
Македонија

На граница уапсен косовски државјанин баран од Интерпол

На граница уапсен косовски државјанин баран од Интерпол

На граничниот премин Долно Блаце, во поладневните часови на 6 јули од полицијата бил уапсен А.Р.(46) од Косово.

Како што информираат од МВР, при извршена проверка било констатирано дека лицето се наоѓа во службената евиденција со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Унгарија.

Косовецот бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Вечерва во 20:00 на 4TV: Тасева и Салаи за корупцијата во Македонија

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите – 26/03/2026 

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира