Утрински Весник
Спорт

На германските стадиони не смее да има повеќе од 15.000 гледачи

На германските стадиони не смее да има повеќе од 15.000 гледачи

Германските здравствени власти поради зголемниот број на заразени со коронавирусот решија да го ограничат бројот на гледачи на стадионите во Бундес лигата.

Според најновите мерки, за спортските настани на отворено, дозволено е користење на 30 до 50 отсто од капацитетот, но максималниот број на гледачи не може да биде поголем од 15.000.

За спортските настани кои се одржуваа во затворен простор, максимално е дозволено присуство на 5.000 гледачи.

За влез во спортските арени потребна е потврда за вакцинација или за прележан ковид. На борилиштата задолжително е носење на заштитна маска.

Здравствените власти не ја исклучуваат и можноста спортските натпревари да се одржуваат без присуство на публика, тоа ќе зависи од бројот на заразени во германските покраини.

> На германските стадиони не смее да има повеќе од 15.000 гледачи <

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата