Утрински Весник
Македонија

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани.

Во текот на денешниот ден гласаа болните и немоќни (8.855 регистрирани гласачи), лицата во старските домови (357) и затворениците (1.657 запишани гласачи).

Според првичните податоци на ДИК, од првата категорија, правото на глас го искористиле 7.861 лице.

Во старските домови гласале вкупно 234 лица односно 80,62% од пријавените 357 со право на глас.

Гласале и 1.235 затвореници односно 74,53% од регистрираните гласачи во оваа категорија. Тука недостигаат уште гласовите од прилепскиот затвор.

Според досегашните бројки од денешното гласање, кои не се целосни, може да се констатира дека од вкупно 10.869 лица кои можеше да го остварат правото на глас, гласале 9.330 што е околу 86 проценти од вкупниот број на пријавени гласачи.

Вчера гласаа 723 заболени од Ковид-19 или лица во домашна изолација, а утре е главното гласање на предвремените парламентарни избори, на кои право на глас имаат вкупно имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!