Утрински Весник
Македонија

На врвот Ченгино Кале реализирана планинарска акција од предизвикот „12 врвови”

На врвот Ченгино Кале реализирана планинарска акција од предизвикот „12 врвови”

Пехчево, 2 јуни 2020 (МИА) – Членовите на планинарското друштво „Трансверзалец” го искачија врвот Ченгино Кале со што ја реализираа седмата акција во рамки на планинарскиот предизвик „12 врвови”. Активноста, како што информираат од друштвото, се реализирала согласно протоколите за безбедност во услови на Ковид-19.

-Ченгино Кале ја претставува најисточната точка на територијата на Република Македонија и воедно е одлика на прекрасните природни убавини на Малешевските Планини. Патеката не водеше меѓу двете мали природни езерца – Орлови Очи близу до врвот Ченгино Кале и водопадите на Равна Река во изворишниот дел на Брегалница. Почетокот на планинарската акција стартуваше од излетничкото место Равна Река кај Пехчево, информираа од друштвото.

Планинарска тура, како што посочија планинарите, била долга 20 километри во предели со обележани патеки.

-Ова е седма акција во рамки на предизвикот „12 врвови”. Првично таа требаше да се реализира во април, но поради одредени околности поврзани со коронавирусот, тоа го направивме на 31 мај, додадоа од друштвото.

Истакнаа дека следниот предизвик во рамки на планинарската акција „12 врвови” е искачувањето на „Орли врв”. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме