Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

На аукција видео со Кејт Мос како спие

На аукција видео со Кејт Мос како спие
300x250 opst2

Кејт Мос ќе му даде увид на еден среќен фан како е да се спие покрај неа откако реши да понуди на аукција уметничко видео за да собере средства за добротворна организација за ментално здравје.

Еден од трите уметнички видео-записи кои се на аукција за соберање пари за добротворни цели Gurls Talk, а на кој Кејт може да се види како спие, веќе доби понуда од 11,000 фунти (20.750 долари).

Другите две уметнички видеа – исто така на аукција – се насловени Walk With Kate (Оди со Кејт) и Drive With Kate (Вози со Кејт), објави весникот „Сан“.

Во меѓувреме, Кејт претходно се отвори за својата кариера, признавајќи дека никогаш немала конкретен план во животот.

47-годишниот супермодел, која ја открија кога имала само 14 години, рече: “Немав план. Јас секогаш бев една од оние млади луѓе кои беа среќни што беа изложени на нови работи и искуства – немаше план или маршрута по која сакав да одам.“

 

Можете да прочитате

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД: „БИЗНИС ЛИДЕР“ ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА 2024 ГОДИНА

Овие 2 знака ќе се збогатат или ќе освојат премија – и тоа веќе до ноември

Денес решете ги финансиските проблеми: Дневен хороскоп (07.10.2025)