Утрински Весник
Македонија

На апликацијата МојДДВ поставена опцијата за откажување донација

Скенирани близу три милиони фискални сметки, повратот на ДДВ кон граѓаните 25,3 милиони денари
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека на апликацијата МојДДВ  е поставена опцијата за откажување донација.

-Граѓаните кои сакаат да ја откажат донацијата треба да ја симнат новата верзија на апликацијата Мој ДДВ. Полето „Откажи Донација“ се појавува само кај оние корисници на апликацијата „МојДДВ” кои го донирале својот поврат за периодот јануари – март 2020 за справување со COVID-19, наведува УЈП.

Според Управата, оваа опција ќе биде достапна на апликацијата  „МојДДВ” до 30 јуни 2020 година, а износот на делот на данокот на додадена вредност на граѓаните кои ја отповикале донацијата ќе се исплати на нивната трансакциска сметка до 30 јули 2020 година. мч/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Осомничен за убиството во Старата чаршија уапсен на Косово, почнува постапка за екстрадиција

Тешко повреден 26-годишен жител на неготински Долни Дисан, со трактор излетал од патот

ЈП„ Македонија пат“: Слаб снег во одредени делови во земјата, но не се задржува на коловозот