Утрински Весник
Македонија

Најстудено во Крива Паланка, најмногу дожд во Берово

Утре услови за локален дожд, од вторник нов влажен бран со снег
Dik 300x250 mk

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Во Крива Паланка утрово е најстудено, 6 степени, а во Дојран се измерени максимални 12. Најмногу дожд, пак, изминатите 24 часа наврна во Берово, 18 литри на метар квадратен, а најмалку во Струмица, три литри.

Според УХМР, 7 степени е во Лазарополе и Крушево, 8  во Виница и Берово, 9 во Дебар и Куманово, 10 во  Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Претор, Штип и Струмица, како и 11 во Скопје – Петровец, Прилеп и Демир Капија.

Во Пожаране наврнаа 15 литри на единица површина, 14 во Крушево, 13 во Куманово, 12 во Крива Паланка, 10 во Виница, 9 во Тетово и Дебар, 8 во Скопје – Зајчев .Рид, Охрид, Претор и Ѓуриште, 7 во Битола и Лазарополе, 6 во Скопје – Петровец, Прилеп, Демир Капија и Тополчани, 5 во Дојран, како и 4 во Штип. мч/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?