Утрински Весник
Свет

Најсмртоносниот ден во Австралија од избувнување на пандемијата

Најсмртоносниот ден во Австралија од избувнување на пандемијата

Австралија денеска се соочи со најсмртоносниот ден од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, бидејќи ширењето на сојот омикрон продолжи да ги зголемува стапките на хоспитализација на рекордно ниво, и покрај падот на дневниот број на нови инфекции.

Во Австралија денеска се регистрирани вкупно 77 смртни случаи, што го надмина претходниот национален максимум од 57 смртни случаи регистрирани минатиот четврток, покажаа официјалните податоци, пренесува Ројтерс.

– Денеска е многу тежок ден за нашата земја – рече премиерот на Нов Јужен Велс Доминик Перо на прес-конференцијата, откако австралиската држава објави 36 смртни случаи, што е нов максимум од почетокот на пандемијата.

Само четворица од починатите од Ковид во таа држава примиле бустер доза од вакцината против Ковид-19, поради што здравствените власти апелираат до граѓаните што поскоро да добијат дополнителна доза.

Можете да прочитате

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија