Утрински Весник
Спорт

Најсилната лига на светот се сели на Арена Спорт

Најсилната лига на светот се сели на Арена Спорт

Телеком Србија и Арена Чанелс Груп (Arena Channels Group) објавија шестгодишен договор со Премиер лигата. Така, оваа српска компанија и нејзината медиумска куќа станаа сопственици на правата на овие натпревари од сезоната 2022/23, за територијата на сите поранешни југословенски држави.

„Телеком Србија, лидер во областа на телекомуникациите и мултимедија во овој дел на Европа, цврсто стои зад Арена Чанелс Груп. Ние веруваме дека ова е голема победа за сите нас. Премиер лигата е врв на светскиот фудбал и голема привилегија е да ја имаме како дел од понудата. Задоволство е што конечно можеме да ја додадеме Премиер лигата на големиот список на деловни партнери и пријатели “, рече директорот на Арена Чанелс Груп, Небојша Жугиќ.

Пол Молнар, шеф на секторот за медиуми во Премиер лигата, рече:

„Премиер лигата со задоволство објавува ново партнерство со Телеком Србија. Арена Спорт каналите обезбедуваат врвна спортска содржина и ќе бидат одлично место за Премиер лигата. Благодарение на овој договор, навивачите на Балканот можат да очекуваат повеќе преноси во живо од натпревари од кога било порано.”

Почнувајќи од сезоната 2022/23, Премиер лигата ќе има невидено присуство во регионот со преноси во живо од сите 380 натпревари.

Досега, повеќе од 10 години, натпреварите на најгледаната лига во светот – англиската Премиер лига, се емитуваa на Спорт Клуб (Sport Club), кој е во сопственост на Јунајтед Медиa.

(ПР текст)

> Најсилната лига на светот се сели на Арена Спорт <

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата